ЗАПАД: Нова БЛАМАЖА на Вардар, Воска едвај со Кадино, победи и Силекс..

1412

Завршија сите пет средби од 22.коло во ВМФЛ – ЗАПАД. Воска иако беше голем фаворит, сепак со многу мака испеа да го победи Кадино на негов терен. Охриѓани губеа со 1:0, но сепак со головите на Трпески и Јакимовски во второто полувреме дојдоа до трите златни бода.

И Силекс успеа да победи како гостин, но во Велешта, и тоа со головите на Спиркоски и Манасиевски, домашните го ублажија поразот со голот на Каба.

Но Вардар не победи, туку загуби. Ова е нов кикс на вардарци и тоа во Гостивар каде одигра 2:1 и со тоа дефинитивно се чини се збогува со надежите дека може следната сезона да игра во Првата лига. Вардар водеше со 0:1 со голот на Демир, а во 45.минута домашните израмнија од пенал со голот на Демири, за да во 94.минута Адјини му донесе победа на Гостивар.

Тетекс и Беса одиграа без голови, додека Охрид со 2:1 го победи тимот на Кораби.

РЕЗУЛТАТИ ЗА 22.КОЛО

ТЕТЕКС – БЕСА 0:0

ГОСТИВАР – ВАРДАР 2:1

КАДИНО – ВОСКА 1:2

ВЕЛЕШТА – СИЛЕКС 1:2

ОХРИД – КОРАБИ 2:1

ТАБЕЛА

Силекс 56, Воска 51, Вардар 43, Тетекс 35, Гостивар 29, Беса 26, Охрид 22, Кораби 20, Велешта 17, Кадино 6

ПретходноФил Фоден: Двете екипи се стремат кон титулата, но борбата не завршува со овој натпревар
СледноИСТОК: Лидерот не попушта, Беласица со „петка“ во Кочани, триумф и на Победа