Луд финиш на дуелот меѓу Модена и Имола во рамките на Серија Ц што е многу важен за промоција во Серија Б. Антонио Пергрефи во 69. минута ја доведе Модена во водство, но изедначи Ливеиро од пенал во 87. минута. Се чинеше дека двете екипи ќе си освојат по бод, но се случи чудо.
Се играше 91. минута кога топката дојде до голманот на Модена Рикардо Гањо кој ја шутна од својата половина и таа падна токму пред противничкиот шеснаесетник го прескокна противничкиот голман и заврши во мрежата.
Модена победи со 2:1, освои важни три бода во трката за промоција во повисок ранг.
На две кола до крајот Модена има четири поени предност во однос на второпласираната Реџана.
A 91st minute goal from Modena goalkeeper Riccardo Gagno that could prove vital in their promotion to Serie B (via @bennygiardina).pic.twitter.com/RhFRI2X5mQ
— Get Italian Football News (@_GIFN) April 9, 2022