Македонија У-19 со втора победа во квалификациите во Словенија…

215

Браво за нашите репрезентативки до 19.години. Имено по Лихтенштајн, денеска тие ја победија и Молдавија и тоа со 2:1 во вториот меч од зоната Б во квалификациите за ЕП. Македонија поведе со автоголот на Чирица во 4.минута, Следуваше израмнување на Молдавките преку Колник во 19.минута, за да 70. минута Сулејмани постигна гол за победа. Сега Македонија има 6 бода од два меча, последниот противник ни е Словенија со која играме на 12 април. Тоа ќе биде меч кој ќе го даде победникот во оваа група.

ПретходноЛазаров: Дојдовме до тоа што го посакувавме
СледноТричко стрелец во лудото реми против Аполон (видео)