Во 2017 година од Барселона се пресели во францускиот тим за 222 милиони евра, оваа сум до сега не ја оправда.
Оваа сезона е најлоша за него, постигна само седум голови и пет асистенции, што не смее да си дозволи еден фудбалер за кого се потрошени милиони.
Иако се пекулираше дека Нејмар би можел да ја напушти Франција, сепак тоа нема да се случи. За него ова ќе биде најголемо понижување во кариерата – никој не сака да го откупи неговиот договор.
Во Париз се очекуваат големи промени, на Маурицио Покетино деновите му се броени, неизвесна е иднината на Мбапе и Меси. Нејмар го загуби статусот на недопирлив, иако само пред неколку месеци го продолжи договорот до 2025 година.
ПСЖ треба да биде отворен за продажба на најскапиот фудбалер во историјата. Но самиот фудбалер се обесхрабри да игра во главниот град, поради лошата атмосфера во клубот, како и ситуацијата пред неколку недели кога на дуелот со Бордо беше исфиркуван од страна на навивачите.
Според француските медиуми, ПСЃ сакаат да го стават на траснфер листата, но нема да има понуди за него. Ниту еден од врвните клубови во овој не може да си го дозволи Нејмат, па ќе мора да остане барем уште една година.
Тој е проценет на 90 милиони евра, осовен тоа има плата од 40 милиони евра годишно.
Нејмар заедно со Килијан Мбапе и Лионел Меси требаше да го водат тимот во ЛШ до посакуваниот трофеј, но наместо тоа доживеаја разочарување од Реал Мадрид уште во осминафиналето.