Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми го постигна победничкиот гол за Динамо Загреб во дуелот со Ријека на гости. „Модрите“ славеа со 2:1 иако по првиот дел губеа со 1:0. Адеми го постигна голот за победа во 86. минута.
Aдеми одигра цел меч, а бекот Стефан Ристовски играше до 77 минута. За Ријека настапи Дарко Велковски кој играше до 82 минута.