„Бомба“ на „Олд Трафорд“: Тен Хаг го враќа легендарниот напаѓач?

7644

Легендарниот холандски напажач, Робин ван Перси, кој еден дел од својата кариера го мина во Манчестер Јунајтед, би можел да се врати на „Олд Трафорд“, но во една поинаква улога – како помошник на Ерик тех Хаг, кој пак е главен кандидат за клупата на премиер-лигашот.

Ван Перси по завршувањето на својата кариера стана помошник тренер на Фенорд, но секако доколку најавите се остварат, сигурно ќе сака да биде дел од тимот на Јунајтед.

Уште од претходно беше најавено дека Тех Хаг е најдоброто решение за тренерската позиција во редовите на „црвените ѓаволи“, па искуството на Ван Перси во Премиер-лигата ќе биде од голема помош за него.

Останува да видиме дали легендарниот напаѓач ќе прифати да се врати во Англија или пак ќе остане во Холандија.

ПретходноЛеклер победи во Австралија, фијаско на големиот ривал!
СледноРоналдо по поразот удри момче со аутизам, го скрши неговиот мобилен, па се извини (ВИДЕО)