ММА борецот со македонско потекло, Александар Волкановски ја одбрани титулата во УФЦ, дојде до 11 победа во низа. Тој испиша историја третпат во неговата кариерата успеа да ја одбрани титулата во перолесна категорија, претходно славеше против Макс Холовеј и Брајан Ортега..
Волкановски до титулата дојде откако го демолирапе Чанг Сунг Јанг, познат како „корејско зомби“. По изедначената битката во првата рунда, кон крајот на следната го претепа корејскиот борец. Третата рунда ја продолжи во исто темпо, доминираше, па судијата мораше да ја прекине борбата.
„Ви кажав пред борбата оваа недела, во моментов сум на друго ниво и не може никој да ме запре“, кажа Волкановски по победата.
Volkanovski and The Korean Zombie embrace after their fight at #UFC273 pic.twitter.com/yJwaRqud3Q
— ESPN MMA (@espnmma) April 10, 2022