Добра вест од Германија доаѓа за Кирил Лазаров пред двата дуели против Чешка за место на Светското првенство 2023.
Филип Кузмановски е во одлична форма, тоа го потврди и на денешната средба во Бундес-лигата.
Македонскиот репрезентативрц постигна седум гола во ремито на Хановер против Фуксе Берлин на гости. Кузмановски имаше само едно промашување, тој беше причината што неговиот тим освои бод на ова тешко гостување, погоди во последниот напад и го постави конечниот резултат.
Хановер е на 14 место на табелата во Бундес-лигата со 17 бодови.