Аврамовски повторно “тресеше“ за Сараево, тимот на Васоски победи со 6:0

150

Даниел Аврамовски покажа дека е во добра форма, и тоа голгетерска. Имено на денешниот меч за Сараево, нашиот репрезентативец постигна гол за 5:0 во 64.минута против Рудар Приједор во натпревар од 25.коло во елитната лига на БиХ. Инаку ова е нова победа на тимот на нашиот стратег Александар Васоски, и тоа со 6:0.

Аврамовски беше стартер и играше до 67.минута, додека вториот Македонец, Крсте Велкоски не доби шанса од Васоски да настапи на овој натпревар.

ПретходноПолувреме: Мајсторија на Максимов, Работнички води… (ВИДЕО)
СледноУкраинскиот Шахтјхар го одигра првиот меч од почетокот на војната! (ФОТО)