Во Битола паднаа 216 поени

224

Пелистер со победа го затвори регуларниот дел од сезоната, откако на домашен терен по пресврт го совлада ТФТ. Во Битола како да се играше НБА натпревар, паднаа 216 поени, а домаќинот беше подобар со 110-106.

Кошаркарите на Пелистер беа во негатива во последната четвртина, Малешевиќ, Стајиќ и Кесар беа лидери.

Токму во овој период, Пелистер постигна 27 поени, на другата страна актуелниот освојувач на Купот на Македонија постигна 15.

Малешевиќ имаше екстра учинок од 38. поени на овој меч додека следен на листата кај домашните беше Кесар со 19. Бишоп кај гостите најдобар со 21. поен.

 

ПретходноНа Ѓорче по бод за Македонија ЃП и Брегалница… (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноГолемото дерби на Сити и Ливерпул без победник (ВИДЕО)