Големото дерби на Сити и Ливерпул без победник (ВИДЕО)

97

Големото дерби од Премиер лигата денеска помеѓу екипите на Манчестер Сити и Ливерпул зарши 2:2. Големата битка за титулата остана во „егал“ што се вели, затоа што двата тима од денешниот меч не добија ништо повеќе отколку противникот.

Иако домаќинот имаше повеќе од играта, имаше иницијатива, сепак, и двата тима може да дојдат до победата, затоа што при нерешениот резултат имаа шанси за трет гол. Сепак, кога ќе се собере се, може да се каже дека конечниот резултат е реален и дека можат сите да бидат задоволни.

Домаќинот почна на најдобар можен начин си погодокот на Кевин Де Брујне уште во петтата минута. Сепак, Ливерпул се врати од негатива на најдобар можен начин. Веќе во 13. минута Диого Жота израмни на 1:1. Габриел Жезус за домашна ерупција во 36. минута погоди за 2:1, но Садио Мане на стартот на вториот дел израмни на 2:2.

До крајот на мечот и двата тима имаа по две до три сериозни ситуации, но резултатот не се промени.

Манчестер Сити и натаму е лидер, сега со 74. бодови, додека пак Ливерпул повторно е втор со само бод заостанување.

ПретходноВо Битола паднаа 216 поени
СледноПо голема борба, Работнички го освои Купот на Македонија