Феникс запиша победа во последниот меч од регуларниот дел од сезоната, откако го совлада вториот тим на МЗТ Скопје со 100-92. Овие два клубови во продолжение ќе се борат за опстанок во елитното друштво следната сезона.
Дебитантот во првата четвртина брзо го скрши отпорот, поведе со 33-23, а веќе во следниот период дојде на плус 16 (51-36). Ова беше најава дека бодовите лесно ќе ги освои, но вака не размислуваа младите „штркчиња“, се вратија во игра.
Вториот тим на МЗТ Скопје отвори со серија од 5-14 во последната четвртина (86-82) и ја направи завршницата неизвесна. Искуството кое дефинитивно повеќе го има домаќинот на крајот пресуди.
Трајковски со дабл-дабл од 29 поени, 12 скока и 8 асистенции го предводеше Феникс, зад него беше 21 поен и 8 скока. Кај гостите, Петровски имаше 19 поени.