Киргиос дивееше во Хјустон: Заработи казнен поен, елиминиран e во полуфиналето (ВИДЕО)

95

Ник Киргиос повторно е главна вест во спортските медиуми поради неговото жестоко и неспортско однесување на терените. Тој беше поразен во полуфиналето на АТП турнирот во Хјустон, а подобар од него беше Американецот Рајли Опелка со 6:3, 7:5.

Кирјиос ги загуби нервите во клучниот момент од вториот сет, го навреди судијата и заработи казнен поен кој го чинеше загубен сервис против Опел, а на крајот излезе дека токму тој момент го реши неговиот конечен резултат во ова полуфинале.

Ова не е првпат да се однесува вака, поради бројните испади до сега доби голем број на казни од АТП, но се чини истите не сменија ништо, иако можеби овој пат беше во право.

ПретходноПСЖ го разнесе Клермон, Мбапе и Нејмар со по три гола, Меси со три асистенции (видео)
СледноРазочарување за Ферари во Австралија, веќе во вториот круг остана без возач (ВИДЕО)