Клоп: Дербито како боксерски меч

198

Манчестер Сити и Ливерпул одиграа 2:2 и ја продолжија неизвесната трка околу титулата во Премиер лигата. „Граѓаните“ два пати водеа, а Ливерпул спасуваше и на крајот си освоија по бод. Клоп го спореди дербито со боксерски меч.
Беше како боксерски меч. Ако ги спуштиш рацете за секунда ќе добиеш силен удар и малку се тресеш. Натпреварот беше фантастичен и резултат со кој мораме да живееме и можеме да живееме“, рече менаџерот на „црвените“.
Диого Жота од Ливерпул и Габриел Жесус од Сити погодија на дербито и ја продолжија серијата без пораз кога ќе погодат. Жота има 33 такви мечеви (27 победи и 6 ремија), а Жесус 45 (42 победи и 3 ремија). Само Џејмс Милнер (54 меча) и Дариус Васел (46 меча) имаат подобар ефект.

ПретходноРома со два гола во финишот успеа да направи пресврт (видео)
СледноСтрумица ја потврди доминацијата и повторно го освои Купот на Македонија