Лазаров ги става емоциите на страна: Не размислувам на последните мечеви, најважна ми е Македонија и пласманот на СП!

1316

Кирил Лазаров и Филип Миркуловски се двајцата ракометари кои по завршување на баражот за пласман на Светското првенство 2023 година, треба да стават крај на репрезентативната кариера. Ова значи дека за двајцата дуелите против Чешка се последни.

Можеби некој друг би размислувал поинаку, би дозволил емоциите да излезат на површина, но не и Лазаров. Во овој момент нашиот најдобар ракометар на сите времиња на ум има само едно – Македонија да се пласира на Светско првенство.

Сите негови мисли, целата енергија ја насочува токму кон Чешка.

„Малку е чудно да се зборува за тој момент. Не би сакал од оваа позиција на селектор и играч да зборувам за тие посебни моменти, не сакам да им дадеме важност да тие последните мечеви во репрезентацијата за Миркуловски и за мене. Најважна е Македонија, најважно е да се пласираме на Светското првенство, па ќе имаме време да направиме нешто.

Толку многу обврски имам и како играч и како селектор, искрено во овој момент најмалку размислувам за тоа“, ни изјави Лазаров на прозивката.

Македонија првиот бараж дуел го игра во Злин на 13. април, реваншот е за четири дена во Скопје.

 

ПретходноРоналдо по поразот удри момче со аутизам, го скрши неговиот мобилен, па се извини (ВИДЕО)
СледноНавивачите на полскиот тим го „обесија“ Путин