Мега – спектакл: Пеп VS Клоп, Сити против Ливерпул…за титулата се работи!

144

Фудбалска треска ја “тресе“ Англија, па и фудбалскиот свет. Денеска од 17.30 часот на „Етихад“ во меч од 32.коло силите ќе ги одмерат Манчестер Сити и Ливерпул. Моментално двете најдобри екипи во светот, двете првопласирани во Премиер – Лигата. Лидерот Сити има 73 бодови, а “редси“ еден помалку.

Ова е МЕГА – СПЕКТАКЛ. Пеп против Клоп, Манчестер Сити против Ливерпул. Кој ќе победи веројатно ќе ја освои титулата во најсилната лига во светот.

Premier League title race fixture list for Man City and Liverpool - AS.com

 

Овие две екипи во последните четири години не дозволија никој друг да им се вмеша во битката за титулата. Мотиви до небо, амбиции да се биде подобар од противникот.

Кој тактика ќе победи, онаа на Пеп Гвардиола или на Јирген Клоп? Тактичката совршеност на Пеп или “хеви – метал фудбалот“ на Германецот?

Време е за фудбалско уживање…

Колку за потсетување. Ова ќе биде само првата битка во трилогијата сезонава. Остануваат пресметките меѓу Пеп и Клоп и во ФА купот и во ЛШ.

Најубавот од фудбалот денеска е на програмата од 17:30 часот.

УЖИВАЈТЕ…

ФОТО: Twitter

ПретходноПолицијата покрена истрага против Роналдо, мајката на удреното дете ќе го тужи Португалецот!
СледноЗа 2000 жени дождот не беше пречка! Се одржа 10. јубилејно издание на Авицена Женска трка