Навивачите го исфиркуваа, Бејл имаше одговор (ФОТО)

451

Герет Бејл во Реал Мадрид дојде како големо засилување во 2013 година за 101 милион евра. На клубот му помогна да освои четири титули во Лигата на шампиони, но после девет сезони, навивачите повеќе не го сакаат.

На мечот со Хетафе одигра 15. минути во победата на Реал Мадрид од 2-0. Само што влезе на терен после 773 дена, навивачите веднаш го исфиркаа, нешто што не се памети во историјата на овој клуб кога станува збор за толку важен фудбалер.

Навивачите сметаат дека Бејл веќе се години игра без да придонесе за тимот, често пати е повреден и само зема пари од клубот, но забораваат дека има постигнато многу важни голови во финалињата во Лигата на шампиони.

Бејл се исфиркувањата веќе се навикна, па неговата последна реакција стана хит.

 

ПретходноПМФЛ: „Лавовите“ го дочекуваат Илчо, Работнички против Тиквеш, Струга ТЛ по триумф со „пиратите“…
СледноДвете селекции на Македонија под „14“ години убедливо поразени од Косово