Полицијата покрена истрага против Роналдо, мајката на удреното дете ќе го тужи Португалецот!

327

Нови моменти за онаа ситуација од вчера на “Гудисон“ кога Роналдо удри аутистично дете. Ова е голем скандал кој секако дека не му доликува на една таква фудбалска величина. Подоцна Кристијано се извини, но бадијала, штетата е направена, па така сега и полицијата во Англија покренала истрага, барем така јавуваат медиумите од Островот, против Португалецот.

Исто така се напоменува дека мајката на детето е ужасната од реакцијата на Португалецот и дека има намера да го тужи Роналдо.

ПретходноСандеј Адетунџи: Шкупи заедно со своите фанови ќе оди по трите бода против Борец!
СледноМега – спектакл: Пеп VS Клоп, Сити против Ливерпул…за титулата се работи!