Завршија првите полувремиња од петте попладневни средби од 27.коло во ПМФЛ. Фаустин Сенгор, дефанзивецот на Шкупи прво му даде гол на Борец на Чаир за водство, за да потоа си постигна автогол со кој гол велешани сега имаат 1:1 на гостувањето кај лидерот.
Шкендија со супер – голот на Ферхан Буба Хасани од слободен удар, и тоа од околу 25 метри нешто оддесно води со 1:0 на грдадското дерби против Ренова.
На останатите мечеви, Македонија ЃП – Брегалница, Струга ТЛ – Скопје и А. Пандев – Пелистер нема голови.