По пауза од три години, одбојкарките на Работнички повторно го освоија одбојкарскиот Куп на Македонија. Во извонредно финале, скопските ривали покажаа дека и оваа сезона ќе имаме исклучително интересна завршница на одбојкарскиот шампионат кај дамите.
Шампионките Јанта Волеј КВ стартуваа подобро и успеаја да го освојат првиот сет од финалето со 25:19. Ова водство најави сосема поинаков интензитет на игра во наредните три сета во кои и двата тима беа многу блиску до освојување на секој сет.
Работнички покажа дека има повеќе нерви во завршницата на сетовите и по голема борба сите три наредни сета ги доби со минимална предност од само два поени. Тоа, сепак, беше доволно за голема радост на „црвено-белите“.
КУП НА МАКЕДОНИЈА
ФИНАЛЕ:
РАБОТНИЧКИ – ЈАНТА ВОЛЕЈ КВ 3:1 (19:25, 25:23, 25:23, 25:23)
Кавадарци, сала: „Јасмин“, судии: В. Ристовски и Н. Саздовски (асистенти: Здравески и Петровска)
РАБОТНИЧКИ: Јонузи, Баталковска, Наумовска, Ѓурѓевиќ, Николова, Стојанова, Шукулоска, Касоска, Лазарова, Павловска, Бончева, Реџалари, Поп Јордановска (л), Трајковска (л)
ЈАНТА ВОЛЕЈ КВ: Бошковска, Осипчук, Стојановска С., Џипунова, Маројевиќ, Стојковска, Тасевска, Проковиќ, Собол, Машковска, Стојановска М., Овчарска, Димитриоска (л), Антеска (л)