Рома со два гола во финишот успеа да направи пресврт (видео)

69

Екипата на Рома успеа да ги освои бодовите во дуелот со Салернитана попладнево откако по првото полувреме и голем дел од второто губеше со 0:1. Радовановиќ постигна прекрасен гол од слободен удар за водство на Салернитана која не издржа до крај.
Римјаните во 81 минута изедначија преку нововлезениот Перез, а четири минути подоцна Крис Смолинг ја донесе победата. Рома е петтопласирана, додека Салернитана е на последното место.

ПретходноГотово е: Денеска и официјално згасна уште еден познат клуб во Италија!
СледноКлоп: Дербито како боксерски меч