Кристијано Роналдо се најде во голем скандал по вчерашниот пораз на Манчестер Јунајтед од Евертон во Премиер-лигата. На патот кон соблекувалната, едно дете ги снимало сите фудбалерите на Јунајтед додека поминуваа покрај него, исто како секој фан на овој клуб.
Роналдо, бесен поради поразот, го удрил момчето по рака. Мобилниот телефон паднал на подот и се скршил, оставајќи го момчето со модринка и десетици шокирани обожаватели околу него.
Многу брзо по натпреварот овој скандал се рашири по социјалните мрежи.
Cristiano Ronaldo smashed someone’s phone after losing to Everton, according to fans at the ground 😳
(via @evertonhub) pic.twitter.com/a20z4Sg20F
— ESPN FC (@ESPNFC) April 9, 2022
Мајката на момчето откри дека момчето Џејкоб е аутистично и дека ова е прв натпревар во неговиот живот што го гледал во живо, па како сувенир снимил сè околу него, како и враќањето на играчите во соблекувалната.
„На крајот од натпреварот играчите на Манчестер Јунајтед отидоа во соблекувалните. Имавме билети веднаш до тунелот, па мојот син реши да ги снима играчите. Ги сними сите, а потоа дојде Роналдо кој го спушти својот чорапи и покажа крвава нога, па Џејкоб го спушти мобилниот телефон за да го сними. Не кажа ниту збор, а Роналдо потоа му го истргна мобилниот од рака и само си замина“, изјави мајката:
„Од модрината на раката може да се види дека имало контакт. Не можам да верувам дека зборувам за ова. Плачев, бев шокирана, Џејкоб беше шокиран, тој е аутистичен. Тој е потресен и не сака повеќе да оди на натпревари. Ова беше неговиот прв натпревар и еве што се случува“.
Во јавноста се огласи Роналдо, го покани Џејкоб на негов трошок да дојде да го гледа Јунајтед. Неофицијално полицијата во Ливерпул покренала истрага за овој момент.
View this post on Instagram