Сандеј Адетунџи: Шкупи заедно со своите фанови ќе оди по трите бода против Борец!

107

По малиот кикс во минатото коло на Автокоманда, каде лидерот Шкупи одигра само реми против “пиратите“, време е да идниот шампион се врати на победничките патеки. Денеска на Чаир од 16 часот, момците на стратегот Гоце Седлоски го дочекуваат Борец. Велешани се незгодна екипа, може да ти направат големи проблеми, иако се знае кој е фаворит на оваа средба.

За тоа што може да се очекува свое видување има Сандеј Адетунџи, напаѓачот на Шкупи и првиот “бомбардер“ во ПМФЛ со 17 голови.

Секако дека знаеме против кого си имаме работа денеска. Борец е добар тим кој успеа кај Шкендија на гости да остане непоразен. Нема воопшто да биде лесно, сепак ние сме максимално подготвени. Јасно е дека и овојпат заедно со нашите фанови ќе одиме по трите бода. И сега ја очекуваме нивната голема поддршка како што беше досега. Тие се нашиот 12-ти играч, така нека биде и на денешниот меч со Борец“ заклучи Адетунџи.

ПретходноФФМ го потврди “МАСАКРОТ“ во Гостивар…судиите суспендирани!
СледноПолицијата покрена истрага против Роналдо, мајката на удреното дете ќе го тужи Португалецот!