Шкупи го победи Борец со 3:1 и е се поблиску до титулата во македонскиот фудбалски шампионат. Тренерот Гоце Седловски не го криеше задоволството од играта на своите фудбалери и од новата победа.
„Знаев дека нема да биде лесен натпревар, почнавме добро и дадовме гол, но по една контра веднаш противникот возврати. Ја искористивме паузата да ги анализираме нашите грешки и така дојдовме до победа против тим кој беше дојден тука да се брани. Фудбалерите го дадоа најдоброто, им честитам за тоа. Исто и за навивачите. Од утре мислиме на следниот натпревар“, изјави Седлоски.