Струмица ја потврди доминацијата и повторно го освои Купот на Македонија

202

Одбојкарите на Струмица уште еднаш потврдувајќи ја својата доминација на домашната одбојкарска сцена успеаја по осмипат во последните десет години да го освојат националниот одбојкарски куп. Во големото финале во Кавадарци, лидерот во домашното првенство со максимални 3:0 го совлада скопски Вардар најавувајќи уште едно успешно завршување на тековната сезона.

„Вардарци“ очигледно исцрпени по петочното полуфинале во пет сета против Универзитет во Тетово, немаа сили да подготват какво било изненадување за струмичките шампиони. Во трите сета Струмица доминираше, а Вардар не успеа да им се спротивстави посериозно, освен во првиот сет во кој успеа да дојде до 21 освоен поен.

КУП НА МАКЕДОНИЈА (М) – ФИНАЛЕ:

ВАРДАР – СТРУМИЦА 47&72 0:3 (21:25, 12:25, 17:25)

Кавадарци, сала: „Јасмин“, Судии: Зафиров и Белевски (асистенти: Петровска и Здравевски)

ВАРДАР: Блажовски, Акбари, Стојановиќ, Лепидовски, Гирлиќ, Ракша, Стошиќ, Владов, Клопчевски, Димовски, Аврамовски, Ангеловски (л),

СТРУМИЦА 47&72: Ричлиев Е., Михаилов, Милев Ј., Станков, Бен Талеб, Наков, Меирелеш, Мицев, Трајков, Милев В., Грковски, Злобин, Ричлиев Ф. (л), Смилков (л)

ПретходноКлоп: Дербито како боксерски меч
СледноИџе го освои второто место на стартот на Еуро шампионатот на ридски патеки!