Денеска под Шара по 53.пат силите ќе го одмерат градските ривали Шкендија и Ренова. Традицијата вели дека “црвено – црните“ имаат далеку подобар скор, 28 победи, 11 пати мечевите завршиле без победник а Ренова има само 13 триумфи. Сепак никогаш ништо не се знае однапред кога играат овие две екипи, едни од најдобрите во ПМФЛ.
Ова ќе биде и прв меч на Артим Шаќири како тренер сезонава на клупата на Шкендија во Тетово. Да потсетиме дека нашата фудбалска легенда по пауза од 9 години одново е стратег на актуелниот шампион.
Во пресрет на ова дерби мега – талентот на Шкендија, Дашмир Елези си има свој коментар…
“Натпреварите против Ренова се секогаш посебни, ова е големо градско дерби. Ова се натпревари кои предизвикуваат внимание кај гледачите па ние во Шкендија и сега ја очекуваме поддршката од нашите фанови. Доста добро го познаваме тимот на Ренова, сезонава веќе трипати игравме со таа екипа. Јасно е дека Шкендија ќе оди на победа, во тимот има одлична атмосфера по онаа победа во Битола од минатото коло. Добро сме подготвени, сакаме три бода“ истакнува младиот офанзивец на Шкендија.