Националните селекции „Под 14“ години во машка и во женска конкуренција со порази го започнаа YDF турнирот во Призрен кој е дел од проектот „Заедно до М16“. Подобри од нашите беа младите кошаркари и кошаркарки на Косово.
Во првиот натпревар од двомечот, во женскиот конкуренција, младите кошаркарки на Косово славеа со сигурни (66:46).
Слично беше и во дуелот на машките селекции на играчи родени 2008 година. Домашната селекција брзо се стекна со двоцифрено водство. По првата четвртина беше (30:20), а веќе на полувремето, Косово водеше со недостижни (67:30). На крајот, домашната селекција стигна до првиот триумф (110:86) на турнирот.
Во нашата селекција, која настапува со комбиниран состав (недостасуваат играчите на КК Вардар), капитенот Ѓорѓи Цветковски реализираше 38.поени (плус шест освоени топки, пет скока и три асистенции), по 11 имаа Созовски и Миленковиќ, а десет дојдоа од Мијалов.
Денеска, од 18. часот, нашата женска селекција ќе го стартува дуелот со Турција, а два часа подоцна следува и дуелот помеѓу овие две селекции во машка конкуренција.