После два порази во низа, Мемфис на домашен терен го декласираше Њу Орлеанс, го совлада со 141-114.
Триото Брукс, Морант и Кларк, го предводеше својот тим до убедливиот триумф. Мемфис посебно импресионираше во третата четвртина во која постигна 55 поени, па на почетокот на последната четвртина имаше предност од 42 поени (122-80). На голема среќа домаќинот се опушти, па Њу Орлеанс успеа да го „ублажи“ поразот.
Мемфис на оваа средба имаше вкупно 41 асистенција, што пак е клупски рекорд.
Брукс беше најефикасен со 23 поени, Морант запиша 21 и 9 асистенции, додека Кларк стигна до 20 поени. На другата страна Си Џеј Меккалум заврши со 16 поени.
На останатите две средби, Голден Стејт славеше кај Сан Антонио со 100-94, додека пак ЛА Клиперс беше подобар од Сакраменто со 117-98.