ПМФЛ: „Лавовите“ го дочекуваат Илчо, Работнички против Тиквеш, Струга ТЛ по триумф со „пиратите“…

196

Денеска се играат сите шест мечеви од 27.коло во ПМФЛ. Колото започнува со мечот Работнички – Тиквеш од 14 часот, додека сите останати се од 16 часот.

И Работнички и Тиквеш влегуваат на овој меч со победи од минатото коло, токму затоа се очекува квалитетен дуел. Останува да видиме дали оние 0:3 од минатото коло на гости кај Брегалница биле само моментален блесок на „романтичарите“ или Игњатов и Алтипармаковски на клупата навистина донеле нешто ново.

Супер интересно ќе биде во Ѓорче, каде „лавовите“ го дочекуваат Илчо Ѓорѓиоски со неговата Брегалница која во средата беше очајна во Прилеп. Македонија ЃП мора да победи ако сака Европа, Брегалница мора да ја брани својата чест.

Струга ТЛ посакува победа над Скопје, треба конечно на дело да се покаже квалитетот на оваа екипа. Во случај “пиратите“ да победат, е тогаш ќе има проблеми за составот на стратегот Захариевски, тогаш Скопје ќе се наметне како тим кој сака да избега од бараж местата и да ја смести таму Струга ТЛ.

Шкупи игра против Борец, Шкендија со Ренова а Академија Пандев против Пелистер.

Страстите се смирија во редовите на “пандевци“, Ѓорге Стојечв остана на клупата, дали цехот ќе го плати Пелистер, останува да се види.

ДВОЈКИ ЗА 27.КОЛО – ДЕНЕСКА (16 Ч)

СТРУГА ТЛ – СКОПЈЕ

ШКУПИ – БОРЕЦ

А.ПАНДЕВ – ПЕЛИСТЕР

ШКЕНДИЈА – РЕНОВА

МАКЕДОНИЈА ЃП – БРЕГАЛНИЦА

РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ (14 Ч)

ТАБЕЛА

1.ШКУПИ 62

2.ШКЕНДИЈА 51

3.А.ПАНДЕВ 49

4.МАКЕДОНИЈА 49

5.РЕНОВА 37

6.БРЕГАЛНИЦА 37

7.РАБОТНИЧКИ 34

8.СТРУГА ТЛ 33

9.СКОПЈЕ 26

10.ТИКВЕШ 24

11.БОРЕЦ 15

12.ПЕЛИСТЕР 10

ПретходноНавивачите на полскиот тим го „обесија“ Путин
СледноНавивачите го исфиркуваа, Бејл имаше одговор (ФОТО)