Работнички – Тиквеш по првото полувреме е 1:0, во првиот меч од 27.коло во ПМФЛ. Младиот “романтичар“ Методи Максимов и денеска, исто како во Прилеп, покажа дека е во фантастична форма. Имено се играше 30.минута кога од десно, речиси од мртов агол шутираше со десната нога за да постигне фантастичен гол за водство на Работнички.
Треба да се каже дека пред тој гол гостите од Кавадарци имаа три шанси за гол, но тие промашувања на играчите на Тиквеш ги казни феноменалниот Максимов.