Пораз за Миркуловски и Вецлар од лидерот

58

Филип Миркуловски и Вецлар го запишаа третиот пораз во низа, вкупно десетти сезонава, откако беше совладан од лидерот. Магдебург славеше со 26-29 во рамките на 27 коло во Бундес-лигата.

Вецлар беше добар во првото полувреме, имаше предност од три гола (15-12). По одморот гостите го променија темпото, во вториот дел беа подобри со шест гола.

Миркуловски мечот го заврши со два гола од исто толку обиди. Вецлар се наоѓа на шестото место на табелата со 29 бода, еден зад Лајпциг.

ПретходноТинте Игњатов со Работнички по Илчо го победи и Влатко Костов! (ФОТО)
СледноИмобиле од како ја “растури“ Џенова: Не сум само јас виновен за поразот од Македонија!