Фиорентина фуриозно кај Наполи (ВИДЕО)

66

Тимот на Наполи направи голем чекор наназад во својот обид сезонава да ја освои шампионаската титула во Серија А, откако предмалку на домашен терен загуби од Фиорентина со конечни 2:3. Наполи е во „мртва“ трка за освојување на скудетото заедно со Интер односно Милан но по денешниот пораз, таа задача ќе му биде исклучително тешка за исполнување.

Раното водство на гостите преку Гонзалез во 29. минута наговести изненадување. По еден час игра Мертенс израмни на 1:1, но наместо домашните да дојдат до триумф, тие примија два гола во серија. Најпрво Иконе, а потоа Кабрал во 72. минута зголеми на 1:3.

Финишот на мечот го направи неизвесен Осимен со голот во 86. минута, но сепак Наполи немаше сила за пресврт, односно барем за  бод на овој меч.

Сасуоло одличен против Аталанта

Од друга страна, тимот на Сасуоло на домашен терен оствари победа од 2:1 со головите на Траоре. Со овој пораз Аталанта се оддалечи од местата кои водат во Европа.

Бекао за триумф на Удинезе

Конечно, во последниот дуел од пладневната програма во Серија А, тимот на Удинезе со головите на Делофеу, односно Бекао успеа да победи кај Венеција со 1:2. Бекао постигна гол во вистински момент, во четвртата минута од судиското продолжение.

ПретходноПолувреме: Сенгор му даде гол на Борец, па си постигна автогол, мајсторија на Буба Хасани….
СледноБрендфорд со нов триумф, Лестер подобар од Кристал Палас (ВИДЕО)