Адеми: Повредите нема да ме спречат, во Ријека секогаш е тешко

127

Македонскиот фудбалски репрезентативец Аријан Адеми вчера постигна гол во победата од 2:1 против Ријека, победа со која „модрите“ дојдоа чекор поблиску до титулата во хрватскиот шампионат.

По мечот, нашиот репрезентативец имаше интересен коментар за гостувањето кај Ријека.

„Овде секогаш е страшно наелектризирана атмосфера. Многу негативна и такво нешто немам доживеано. Јас само покажав дека играме фудбал што треба да се следи без навреди од трибините“, вели Адеми.

За неговото враќање во тимот додаде:

„Нема да ме спречат повредите, поддршката од навивачите ми дава сила да го дадам најдоброто. Победата ни значи многу затоа што се бориме за титулата и секој бод е важен. Очекуваме тешка борба до крајот и уште неколку тешки дуели. Никој нема право на кикс“, кажа Адеми.

ПретходноБенфика му одговори на Манчестер Ј.: Ако го сакате Нуњез вадете 127 милиони евра!
СледноПиоли: Пред три недели викаа дека сме супер фаворити за титулата