Легендата со критики за Атлетико Мадрид: Укинете го офсајдот, ова веќе не е фудбал!

304

Марко Ван Бастен, еден од најдобрите напаѓачи во историјата на фудбалот, вистинска легенда деновиве имаше интересен коментар по мечот од Лигата на Шампионите меѓу Манчестер Сити и Атлетико Мадрид. Оној меч на кој стратегот на шпанскиот тим Диего Симеоне буквално во сите 90 минути се бранеше со формација 5-5-0, благо кажано.

Холанѓанецот има свој предлог и порака од ФИФА…

Еве јавно кажувам дека треба што побргу да се укине офсајд правилото. Не можам да сфатам како еден тим како Атлетико Мадрид да се брани со цела екипа во текот на сите 90.минути. Ова веќе не може да се гледа. Како може да и се даде гол на таква екипа, кога ќе нема офсајд ќе биде поинаку. Фрустрирачки е да се гледа таков фудбал, па подобро да гледаш филм на ТВ екраните отколку она што го игра Атлетико Мадрид. Гризман и Жоао Феликс се платени 300 милиони евра, тие се напаѓачи а не пипнаа топка“ рече покрај другото Ван Бастен.

ФОТО: Twitter

ПретходноФутсал: Македонија ќе одигра две пријателски средби со селекцијата на Франција до 23 години
СледноМедиумите во Полска тврдат: Левандовски кариерата ќе ја продолжи во Барселона!