Френк Фогел нема да продолжи како тренер на ЛА Лејкерс. Човекот кој ги водеше „езерџиите“ од 2019/2020, нема да продолжи како тренер на франшизата од Лос Анџелес по неговиот историски неуспех оваа година откако не успеа да го однесе тимот предводен од мега-ѕвездата Леброн Џејмс до плеј-офот.
Адријан Војнаровски, еден од најдобрите инсајдери во НБА, е уверен дека последниот натпревар на Лејкерси од регуларниот дел на сезоната (победа над Денвер Нагетс по продолжението од 141-146) е последната на Фогел на клупата на тимот од Калифорнија.
Фогел по мечот со Денвер беше запрашан за евентуалниот отказ.
„Такво нешто не ми кажале“, изјави тој.