Порто е нов апсолутен рекордер: „Змејовите“ 57 меча не знаат за пораз!

141

Фудбалерите на Порто вчера славеа во домашниот фудбалски шампионат над екипата на Гимараеш на гостински терен со што ја продолжија серијата без пораз во лигата на 57 натпревари, поставувајќи рекорд досега незабележан во португалскиот фудбал.

Во рамките на 29. коло од португалскиот шампионат, Порто со минимални 1:0 славеше на гостувањето кај шестопласираниот тим во лигата. Момците на тренерот Консеисао немаат пораз на 57 натпревари во националната лига, што е апсолутен рекорд. Тие само оваа сезона имаат 25 победи и четири нерешени средби.

Претходниот рекорд за најдолга серија без пораз го држеше Бенфика, која имаше низа долга 56 меча без пораз.

ПретходноПознати двојките за разигрувањето во НБА лигата, плеј-офот тргнува в сабота
СледноЈувентус има решение за Дибала, ќе го замени со Асенсио