Тренерот на Челзи Томас Тухел изјави дека тимот има право да сонува за пресврт на реваншот против Реал Мадрид и убавината на фудбалот е во тоа што се може да се случи на еден натпревар. Тухел додаде и дека Ромелу Лукаку поради повреда не отпатувал во Мадрид.
„Немаме многу шанси после тоа што се случи на првиот меч, потоа поради противникот и стадионот на кој играме. Многу малку е веројатно дека ќе поминеме во полуфиналето, но тоа не значи дека одиме со бело знаме. Вреди да се обидеме, имаме право да сонуваме. Треба да одиграме многу добро. Предизвикот е огромен. Но ова е спорт и убавината во спортот е што се може да се случи“, изјави Тухел.
„Хадсон-Одои, Бен Чилвел се во аут, Лукаку нема да патува со тимот поради повреда на Ахиловата тетива. Рос Баркли е болен… Ќе се обидеме да одиграме најдобро што можеме. Се чувствува голема физичка слабост затоа што Реал Мадрид цела сезона игра со пет измени, а ние сме исцрвени од жестокото темпо во првенството“, додаде тренерот.