Аларм во Далас: Дончиќ се повреди на последниот меч од регуларната сезона (ВИДЕО)

283

Со последните одиграни натпревари синоќа и официјално е затворен регуларниот дел од сезоната во НБА лигата. Во многубројните дуели кои беа на програмата во последниот ден пред плеј-офот, кошаркарите на Кливленд го совладаа шампионот Милвоки Бакс со 133:115 и со тоа ја прекина серијата од три последователни порази, додека за Бакс ова беше втор последователен неуспех.

Доминантна партија за Кливленд имаше Кевин Лав со 32 поени, десет скока и две асистенции, додека Марканен додаде 23.

Шарлот славеше против Вашингтон со 124:108 за трета последователна победа, додека, конечно, Бруклин беше подобар од Индијана на својот паркет со 134:126.

Далас, пак, на домашен терен го совладаа Сан Антонио со 130:120 во кој повторно блесок имаше Лука Дончиќ. Тој реализираше 26 поени со девет асистенции и осум скока, но пред крајот на третата четвртина мораше да замине во соблекувалната кривејќи на едната нога поради повреда на левиот мускул. Тој не го заврши мечот, па сега сите се во исчекување на лекарските извештаи пред првиот дуел со Јута во рамките на првиот круг од плеј-офот.

НБА, резултати:

Бруклин – Индијана 134:126

Шарлот – Вашингтон 124:108

Кливленд – Милвоки 133:115

Хјустон – Атланта 114:130

Мемфис – Бостон 110:139

Њујорк – Торонто 105: 94

Орландо – Мајами 125:111

Филаделфија – Детроит 118:106

Минесота –  Чикаго 120: 124

Далас – Сан Антонио 130:120

ЛА Клиперс – Оклахома 138:88

Њу Орлеанс –  Голден Стејт 107:128

Феникс – Сакраменто 109:116

Портланд –  Јута 80:111

Денвер – ЛА Лејкерс 141:146 (п)

ПретходноМладите надежи повторно поразени на турнирот во Призрен
СледноБарселона се сели на „Монжуик“, поранешниот стадион на Еспањол