Кристијано Роналдо ова лето во последните денови од преодниот рок направи изненадувачки трансфер, се врати на „Олд Трафорд“. Португалецот очекуваше дека оваа сезона со „црвените ѓаволи“ ќе има одлична сезона, но се излажа. Јунајтед се мачи, се наоѓа на седмото место на табелата, поточно од позицијата која носи пласман во Лигата на шампиони, а тој станува се понервозен.
А сето тоа можеше да се види на дуелот против Евертон, по поразот, на патот кон соблекувалната удри атустично дете по рака и го скрши неговиот мобилен телефон. Од овој момент имаше видео-запис, а во јавноста се огласи и мајката на детето. Роналдо јавно се извини, но се чини дека за ова нема никакво оправдување. Тој со право се најде на мета на критики.
Според „Manchester Evening News“ во клубот сакаат да се ослободат од него пред да заврши неговиот договор, кој има важност до 2023 година. Со оглед на тоа дека Јунајтед нема да игра во Лигата на шампиони следната години, на „Олд Трафорд“ сметаат дека разделбата е неизбежна.
Доколку Јунајтед успее да ја раскине соработката, клубот ќе заштеди 17,4 милиони евра по сезона. Роналдо не се снајде најдобро во дресот на „црвените ѓаволи“, а со ваквото однесување тој ги губи симпатиите од навивачите, па неговото заминување ќе биде најдобро за сите.
Дали навистина ќе се случи сето ова, ќе биде познато по завршување на сезоната.