Барселона се сели на „Монжуик“, поранешниот стадион на Еспањол

504

Фудбалскиот клуб Барселона наредната сезона ќе ги игра домашните натпревари на стадионот „Монжуик“ на кој некогаш играше градскиот ривал Еспањол. „Блауграна“ се сели од „Ноу Камп“ затоа што е предвидена реконструкција на стадионот на каталонскиот гигант.

Договорот за реконструкција на стадионот е постигнат кога се потврди и соработката на клубот со компанијата Спотифај. Тоа ќе се случи од наредната сезона, а стадионот ќе го добие името „Спотифај Ноу Камп“.

Реконструкцијата ќе чини 1,5 милијарди евра, а „Ноу Камп“ ќе се претвори во стадион за 105.000 места за седење. Стадионот ќе има и спектакуларен кров прекриен со 30.000 еко-френдли соларни плочи кои ќе собираат енергија која ќе ја користат новите видео бимови но и други уреди.

„Монжуик“ е изграден во 1927 година, а реновиран во 1989 година за потребите на Летните Олимписки игри во 1992 година. Еспањол ги играше своите натпревари на овој стадион од 1997 до 2009 година, а потоа се пресели на новоконструираниот РЦДЕ Стадион.
Шпанскиот национален тим тука има одиграно осум пријателски натпревари, последниот во 2004 година, а и националниот тим на Андора има одиграно три квалификациски средби на истиот стадион од кои две со Англија во 2007 и 2008 година.

ПретходноАларм во Далас: Дончиќ се повреди на последниот меч од регуларната сезона (ВИДЕО)
СледноПознати двојките за разигрувањето во НБА лигата, плеј-офот тргнува в сабота