Тренерот на Бенфика, Нелсон Верисимо, ги известил преставниците на лондонски Арсенал и Манчестер Јунајтед дека португалскиот клуб нема да го продаде напаѓачот Дарвин Нуњез за помалку од 127 милиони евра.
Според изворот, португалскиот клуб не сака ни помалку ни повеќе за 22-годишниот фудбалер, отколку што доби од Атлетико Мадрид за трансферот на напаѓачот Жоао Феликс во 2019 година. Тогаш шпанскиот клуб плати околу 127 милиони евра за Португалецот.
Бенфика не се сомнева дека трансферот на Нуњес ќе биде скап и нема да брза да го продаде оваа година. Уругваецот оваа сезона постигна 31 гол и имаше три асистенции на 36 натпревари во сите натпреварувања. Договорот со Бенфика му завршува во 2025 година.