Австрискиот напаѓач Марко Арнаутовиќ е најзаслужен за победата на Болоња над Сампдорија во 32. коло на италијанската Серија А. Вечерва на „Ренато дал’Ара“ екипата на Болоња победи со 2:0, а Арнаутовиќ ги постигна двата гола во второто полувреме.
Болоња е 12-та на табелата и ја забележа 10-тата победа, а Сампдорија е шест места подоле.
Арнаутовиќ е првиот фудбалер по Џузепе Саволди кој успеал да постигне пет едноподруго голови за Болоња во Серија А. Тоа на Саволди му успеало во 1973 година.
Дома Меѓународен фудбал Италија Болоња ја совлада Сампдорија, Арнаутовиќ како Саволди на времето (видео)