Гостивар во продолжение на сезоната ќе биде без еден од најдобрите кошаркари. Американецот Ијасу Ворку кој се повреди на дуелот со Кожув ќе биде надвор од теренот.
Лекарските прегледи покажале дека станува збор за тешка повреда – скинати лигаменти на десното колено. Вокру ќе мора да оди на операција, а Александар Јончевски доколку сака да направи нешто повеќе во Супер-лигата, заедно со раководството на клубот ќе мораат да најдат замена за него и тоа во еден незгоден момент.