Македонската ракометна репрезентација го одработи претпоследниот тренинг пред заминувањето за Злин, каде во среда против Чешка го игра првиот бараж за пласман на Светското првенство 2023 година.
Кирил Лазаров и голем дел од ракометарите добро ги знаат квалитетите на оваа селекција, добро го познаваат и теренот во Злин. Против чешките ракометари мора да се одигра цврсто во одбраната, да се затвори нашиот гол за да можеме да „полетаме“ кон нов Мундијал.
Реваншот се игра на 17. април во СЦ „Борис Трајковски“, нашите момци ќе имаат поддршка од трибините, салата ќе биде исполнета до последно место.