Рајо Ваљекано и Валенсија одиграа 1:1 во меч од шпанската Ла Лига. Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски беше на голот на Рајо на овој меч, а во 57 минута прими гол по ударот на Карлос Солер. Овој фудбалер има 10 гола до сега и е првиот играч од средниот ред на Валенсија кој реализирал 10+ гола во две едноподруго сезони после Гаиска Мендиета (1999/2000 и 2000/01).
Сепак, неговиот тим изедначи во 83 минута со погодокот на Серхио Гвардиола.
Рајо Ваљекано е на 13-тата позиција на табелата со 34 бода, а Валенсија е деветта со 42 бода.