Македонската ракометна федерација е еден од трите организатори на женското Европско првенство кое ќе се одржи од 4. до 20. ноември. Покрај Скопје домаќини на континенталното натпреварување ќе бидат Словенија и Црна Гора.
ЕХФ објави неколку детали. Ждрепката ќе се одржи на 28. април во Љубљана, додека Македонија ќе биде во групата Ц која ќе се игра во нашиот главен град. Покрај групната фаза, во Скопје ќе се одржи една од двете главни рунди.
Инаку нашите девојки ќе се најдоа во третиот шешир пред ждрепката, но како домаќини веднаш ни беше доделена група.