За 100 денари бодрете ја Македонија: Од денеска во продажба билетите за со Чешка!

222

Како што информираат од Ракометната федерација на Македонија, денеска на пладне ќе бидат пуштени во продажба билетите за реванш мечот од баражот со Чешка за пласман на СП. Натпреварот се игра на 17 април во салата “Борис Трајковски“ во Скопје, а еден билет за овој спектакл ќе чини 100 денари.

Истите ќе можат да се купат онлајн на mktickets.mk, а ќе можат да се купат и во сите продажни места на МК Тикетс низ дражвата.

Не се сомневаме дека салата ќе биде полна а нашите ракометари ќе ја имаат потребната поддршка за дуелот со Чешка, а после натпреварот сите ќе се радуваме на пласман на уште едно големо ракометно натпреварување.

ПретходноПиоли: Пред три недели викаа дека сме супер фаворити за титулата
СледноЛејкерс ќе му дадат „клоца“ на тренерот Фогел