Истокот на пет кола до крајот: Супер интересен финиш за пласман во елитата, виничани ја имаат пол – позицијата

550

Ако во ВМФЛ – ЗАПАД по саботните натпревари од 22.коло некои работи најверојатно се познати, а тоа е дека Силекс ќе оди директно во ПМФЛ, Воска Спорт ќе игра бараж а Вардар и следната сезона ќе игра во втората лига, тогаш на истокот во последните пет кола ќе имаме пеколен или супер интересен финиш. Имено дури четири екипи гаат амбиции за ПМФЛ или за второто место кое води во баражот.

Слога (В) има 48 бодови, по бод помалку имаат Беласица и Победа, а Саса има 44 бодови. Сега доаѓаат на ред меѓусебните дуели, а во пол – позиција е Слога Виница, лидерот на табелата. Таа екипа не само што има еден бод предност туку од трите меѓусебни мечеви два игра на свој терен. Се разбира дека во клубот има проблеми, минатата недела имаше и штрајк, но оваа шанса четата на Никола Кузманов не смее да ја пропушти. Којзнае, можеби во псоледното коло на 14 мај во Виница, кога доаѓа Победа ќе се решава шампионот во ВМФЛ – ИСТОК и патникот за ПМФЛ.

Значи остануваат уште пет кола во кои дури четири екипи се надеваат на пласман во елитата или барем за бараж за пласман во ПМФЛ.

Супер интересно. Да кажеме и тоа дека на крајот за местата на табелата ќе одлучуваат меѓусебните мечеви а не гол – разликата. 

Подолу ја имате табелата и распоредот до крајот во ВМФЛ – ИСТОК на екипите кои имаат шанса за пласман во елитата…

ТАБЕЛА ПО 22.КОЛО

1.СЛОГА (В) 48

2.БЕЛАСИЦА 47

3.ПОБЕДА 47

4.САСА 44

23.КОЛО (16.04.2022)

СЛОГА (В) – ТИМ Локомотива

ПОБЕДА – Осогово

БЕЛАСИЦА – САСА

24.КОЛО (23.04.2022)

БЕЛАСИЦА – Пехчево

САСА – ПОБЕДА

Осогово – СЛОГА (В)

25.КОЛО (30.04.2022)

СЛОГА (В) – САСА

ПОБЕДА – БЕЛАСИЦА

26.КОЛО (07.05.2022)

ПОБЕДА – Пехчево

БЕЛАСИЦА – СЛОГА (В)

САСА – КОЖУФ

27.КОЛО (14.05.2022)

Детонит – САСА

Кожуф – БЕЛАСИЦА

СЛОГА (В) – ПОБЕДА

ПретходноНеверојатна сцена: „Заплива“ во празно, судијата свирна пенал
СледноТухел: Имаме право да сонуваме за пресврт против Реал Мадрид