Лејкерс ќе му дадат „клоца“ на тренерот Фогел

163

Френк Фогел нема да продолжи како тренер на ЛА Лејкерс. Човекот кој ги водеше „езерџиите“ од 2019/2020, нема да продолжи како тренер на франшизата од Лос Анџелес по неговиот историски неуспех оваа година откако не успеа да го однесе тимот предводен од мега-ѕвездата Леброн Џејмс до плеј-офот.

Адријан Војнаровски, еден од најдобрите инсајдери во НБА, е уверен дека последниот натпревар на Лејкерси од регуларниот дел на сезоната (победа над Денвер Нагетс по продолжението од 141-146) е последната на Фогел на клупата на тимот од Калифорнија.

Фогел по мечот со Денвер беше запрашан за евентуалниот отказ.

„Такво нешто не ми кажале“, изјави тој.

ПретходноЗа 100 денари бодрете ја Македонија: Од денеска во продажба билетите за со Чешка!
СледноСудиската комисија со потврда: Имаше пенал во Ѓорче за “лавовите“