Познато е дека Австралија е спортска нација. Жителите на оваа држава посебно имаат голем пиетет и кон Формула 1. Па така по две години пауза поради короната, минатиот викенд се возеше Формула 1 за ГН на Австралија на патеката во Мелбурн. Целиот викенд беше фантастичен, а на кај победи Шарл Леклер со своето Ферари.
Сепак прва вест е посетата на трибините покрај патеката. Имено за целиот викенд имало неверојатна бројка од 419.114 гледачи, што го прави еден од најпосетените Ф1 викенди во историјата. Сепак рекордот во Австрлија го држи 1995 година со 520.000 гледачи кога се возеше во Аделаида.